еМагазин
Image default
Македонија

Осомничената Фросина Ременски на увид во доказите за „Меѓународниот сојуз“ на Боки 13

Пратеничката Фросина Ременски денеска во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал врши увид во доказниот материјал во врска со случајот со невладината организација „Меѓународен сојуз“ на Боки 13, во кој се опфатени пет физички лица и едно правно лице.

Во Обвинителството денеска наместо првоосомничениот Бојан Јовановски – Боки 13, кој беше претседател на „Меѓународниот сојуз“, увид извршил неговиот адвокат Сашо Дуковски.

Поканет да направи увид на доказниот материјал од страна на Обвинителството е и Миле Јовановски, таткото на Боки 13, а вчера тоа го направиле потпретседателка на „Меѓународниот сојуз“, Јасна Мандиќ и Христина Блажевска, асистентка на Јовановски.

Увидот во доказниот материјал е со цел осомничените да се подготват за давање исказ во Обвинтелството во текот на наредната недела.

Овој дел на истрагата, која Обвинителството ја отвори на 9-ти октомври против пет лица, се однесува на измамите со изградба на центри за возрасни лица, за кои беа барани пари од бизнисмените Силјан Мицевски, Ардијан Амзоски и други.

Од Обвинителството соопштија дека врз основа на предистражната постапка обвинителот што раководи со постапката, дошол до сознанија што укажуваат дека во периодот од јули 2017 до април 2018 година, првоосомничениот Боки 13 како претседател на осомниченото правно лице, искористувајќи документи од правното лице, довел и одржувал во заблуда двајца управители на две друштва за градежништво.

„Тој лажно прикажувајќи дека ќе обезбеди државно неизградено земјиште за изградба на центар за возрасни лица и мобилен сервис, а потоа и субвенционирање од страна на државата, од оштетените преку авторска агенција успеал да добие парични средства од 719.905 евра од едното правно лице и 233.821 евра од другото.

Останатите осомничени лица со умисла му помагале на првоосомничениот во извршувањето на кривичните дела изготвувајќи договори, подигнувајќи ги уплатените средства и уплаќајќи средства на други правни лица по основ на позајмица или донација“, информираа од Обвинителството.

Ременски во октомври по давањето исказ пред судија на претходна постапка кажа дека не чувствува никаква вина.

МИА/Фото: СДСМ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев: Ако бев јас на местото на пратеничката Фросина Ременски ќе се повлечев

Пратеничката Ременски и таткото на Боки 13 останаа без пасоши

Каков имот пријавила осомничената за „Рекет“, Фросина Ременски

Ќе остане ли Ременски потпретседател на Собранието откако беше осомничена во „Рекет“?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хазби Лика доаѓа на работа, не е редовен на седници на Владата

Редакција

Нови 373 случаи на Ковид-19 од 2.107 тестирања

Редакција

Вкупно 1.072 здравствени работници се заразиле со Ковид-19, оздравеле 939

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница