еМагазин
Балкан ТОП СТОРИИ

Осомничениот за железничката несреќа во Грција станал шеф на железничката станица во Лариса со тримесечен курс

Грчките медиуми објавија дека осомничениот за железничката несреќа во Грција, шефот на железничката станица во Лариса, во чија близина се случи трагедијата, на оваа позиција дошол откако завршил тримесечен курс, а претходно работел во Министерството за образование.

Тој на оваа функција стапил 40 дена пред несреќата, а медиумите за него пишуваат дека направил најмалку две фатални грешки кои довеле до трагедијата, a тој признал дека погрешил.

Големата несреќа на виделина ги извади сите недостатоци на железничката инфраструктура во Грција, на кои подолго време предупредувале од секторскиот синдикат, од каде посочувале и за недостигот на мерки за заштита на работното место и за безбедноста на сообраќајот на возовите.

Грчките експерти го критикуваат и недостигот на електронски системи и на персонал.

Грчките медиуми објавија и дека Европската комисија ја пријавила Грција до Европскиот суд на правдата поради непочитување на обврските што произлегуваат од Директивата за железничка инфраструктура.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) „57 билети за смрт“: Илјадници ученици и студенти во Атина и Лариса протестираа за железничката несреќа

„Чувај ме од горе„, на Фејсбук се огласи сопругата на младиот машиновозач кој загина во железничка несреќа во Грција

(Фото) „Пиши кога ќе стигнеш“ – симболична поддршка и протест од учениците во Грција за железничката несреќа

Фото: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски повтори дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи уставни измени под постојните услови

Редакција

Кои се петте највисоки нето плати во декември

Редакција

Седницата за избор на нова влада почнува во сабота

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница