еМагазин
Image default
Македонија

Осуденик нападнал затворски полицаец во Идризово

Осуденото лице М.М. кое престојува во Отвореното одделение во Казнено – поправниот дом Идризово вчера, околу 8:40 часот, без особена причина со ладно оружје го нападнал припадникот на затворската полиција Х.Х., кој ги извршувал работните задачи во одделението.

Како што информира Управата за извршување на санкциите, М.М. му нанел на Х.Х. повреди по телото во вид на посекотини и набиеници.

Повредениот откако побарал помош од дежурниот командир на одделение, кон одделението се упатиле пет припадници на затворската полиција заедно со командирот, кои откако дошле на местото на настанот, осудениот исто така им упатил закани дека ќе ги нападне ако му се доближат.

М.М. , како што се наведува во соопштението, иако се уште бил вознемирен и подготвен одново да нападне, со употреба на зафат бил веднаш совладан од затворската полиција и издвоен во посебна просторија за да не биде нападнато друго лице.

За повредениот затворски полицаец била повикана Итна медицинска помош од која првично бил згрижен и итно префрлен во Клиничкиот центар – Скопје, од каде по санирање на повредите е пуштен на домашно лекување.

Осуденото лице било спроведено во Клиниката за психијатрија при Клиничкиот центар – Скопје, од каде по смирување на состојбата е вратен во установата.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Како изгледаше воената вежба „Одлучен удар“ на Криволак

Редакција

Избори или промена на Уставот: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ блиску или далеку до договор?

Редакција

Убава вест: Оздравени рекордни 2.116 лица кои боледувале од Ковид-19

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница