еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Осумднeвен притвор за браќата кои претепаа лекар во Тетово

Судија на претходна постапка одлучи да им определи осум дена притвор на двајцата браќа за вчерашниот напад врз лекарот во кожното одделение во Клиничката болница во Тетово.

Претходно тетовската полиција им поднесе кривична пријава за насилство.

Според извори во истрагата, двајцата браќа веќе се однесени на издржување на мерката притвор во Казнено-поправната установа Затвор Скопје.

„Кривичната пријава за А.Б.(43) од тетовска Голема Речица и неговиот брат Л.Б.(40 ) од Тетово е поради основи на сомнение дека сториле кривично дело „насилство“, по член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Тие се сомничат дека на 6.9.2019 година, во периодот од 9 до 9 часот и 30 минути, на Одделението за кожни болести во Тетовската клиничка болница, физички го нападнале лекарот А.Е.(45)“, соопшти денес СВР Тетово.

Двајцата браќа по нападот биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица Тетово.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривична пријава за браќата кои претепаа лекар во Тетово

Лекарската комора за инцидентот со лекарот: Насилството е почеста појава од што се зборува

Двапати нападнат лекар на кожното одделение во тетовската болница

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Цената на свинското месо се зголеми за 40 денари

Редакција

Ковачевски-Зеленски: Македонија ќе продолжи со поддршката на Украина колку што ќе биде потребно

Редакција

Вкупно 1.586 заболени од корона вирусот: Регистрирани 14 нови случаи

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница