еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Осумдневен притвор за двајцата штипјани кои тепаа девојка

Судија на претходна постапка од Основниот суд во Штип донесе одлука за осумдневен притвор за двајцата штипјани, на возраст од 23 и 26 години, кои пред два месеци малтретирале и тепале девојка во влез на станбена зграда.

Видеото кое го снимале вчера беше објавено на социјалните мрежи. Двајцата штипјани по одлуката на судијата на претходна постапка се носат во кумановскиот затвор.

Обвинителство наредната недела, до судијата на претходна постапка треба да достави обвинителен предлог, по што тој ќе треба да донесе нова одлука за мерката притвор.

МИА и претходно информираше дека Основниот јавен обвинител, Ристе Бојаџиски побара да им се изрече мерка притвор на двајцата штипјани, кои се товарат за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 став 3 од Кривичниот законик.

Според законот, казната за сторители кои се огласуваат за виновни по ова дело се движи од шест месеци до пет години.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Не смеете да дозволите надзорен инженер да решава што е културно наследство: Протест на МАД и ИКОМОС за законските измени за Бехтел и Енка

Редакција

Актуелните мерки за влез во Грција продолжени за уште една недела

Редакција

Генералниот директор на Макошпед лани имал плата од 1,2 милион денари бруто

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница