еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Осветена првата македонска православна црква во Хрватска, „Св. Злата Мегленска“

Првата македонска православна црква во Хрватска, „Св. Злата Мегленска“ е осветена вчера во Загреб, а на свеченоста по осветувањето, премиерот Андреј Пленковиќ во име на Владата, го прими највисокото одликување на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, како знак за благодарност и искрено пријателство, пренесоа хрватски медиуми.

Највисокото одликување на МПЦ-ОА, Орденот на Свети Климент Охридски, е доделено и на Хрватската бискупска конференција (ХБК) поради искажаното гостопримство и братска поддршка и помош, а го прими пратеникот на претседателот на ХБК, генералниот секретар, монсињор Крунослав Новак.

Одликувањата им ги врачи поглаварот на Македонската православна црква, архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, а со него, на свеченоста во Загреб беа и митрополитот Европски Пимен и митрополитот Тетовско-гостиварски, Јосиф.

Делегацијата на македонската држава ја предводеше амбасадорот на Македонија, Милаим Фетаи, кој и се заблагодари на хрватската држава за помошта во изградбата на црквата.

Хрватскиот премиер Пленковиќ, го изрази своето задоволство што беше присутен на, како што кажа, „големата свеченост, од вистински историски карактер за македонското малцинство во Хрватска“.

-Навистина сум лично почестен, но пред се ова го гледам како почит кон целата влада и многубројните луѓе кои сесрдно, со разбирање, почит, отвореност и искрена желба ги поддржаа Македонците во Хрватска, како и сите национални малцинства, затоа што тоа е добро за нашите општества, за културата на инклузивност и особено за положбата на Хрватите во сите соседни земји, рече Пленковиќ.

Првата Македонска православна црква во Хрватска е регистрирана во 1993, а во 1995 Загрепската надбискупија и отстапи времено користење на црквата Св. Рока во Загреб, додека изградбата на црквата „Св. Злата Мегленска“, посветена на великомаченицата од 18 век, започна пред девет години.

МИА/Фото: Твитер/Пленковиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска продолжува судењето за убиството на Вања и Панче

Редакција

(Фото) Како изгледа кога пациент со корона вирусот е на респиратор: Цевката е во трахеа, заради болки сте под седативи

Редакција

Македонија има обврска да го почитува Преспанскиот договор, велат од германското МНР

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница