еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Отец Пимен за Денот на независноста: Како тоа сите толку многу ја сакаме Македонија, а толку многу се мразиме како Македонци меѓусебно

Владиката Пимен, митрополит на Европската епархија на МПЦ – ОА, на неговиот Фејсбук-профил сподели статус кој за Денот на независноста на Македонија го напишал лани, но се уште е актуелен според неговото значење.

„И додека славиме денес, убаво би било да размислиме како тоа сите толку многу ја сакаме Македонија, а толку многу се мразиме како Македонци меѓусебно. Да се сетиме дека посакувајќи му зло на другиот, Македонија нема да стане поубаво, туку попразно место за живеење.

И кога ќе се впуштиме повторно во она судење кој има, а кој нема право да се нарекува Македонец и да слави и честита ден на независност, не заборавајте дека националното чувство е лична определба, а не одлука на некоја патриотска комисија која треба да издава сертификати за подобност да се биде голем или мал Македонец или воопшто да се биде Македонец.

Честит и вековит да ни биде овој ден! Биди ми вечна татковино, биди ми вечна Македонијо,“ пишува Отец Пимен во неговата порака.

фото: МПЦ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Регистрирани 436 нови случаи на Ковид-19, во Скопје 203

Редакција

Македонска пошта во загуба од 2,7 милиони евра

Редакција

Убава вест: 320 оздравени од Ковид-19

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница