еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Отсега пензиите преку Халкбанк точно на секој 1-ви во месецот

Халкбанк АД Скопје ги известува сите свои клиенти, приматели на пензија преку Халкбанк, дека исплатата на пензиите отсега ќе се врши секој 1-ви во месецот на нивната денарска сметка во банката.

„Доколку предвидениот ден е викенд тогаш исплатата се поместува за следниот работен ден. Оваа новина е валидна почнувајќи од 1 април и со неа всушност се гарантира редовна исплата на пензијата на првиот работен ден во месецот за сите пензионери кои својата пензија ја примаат од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, а се клиенти на Халкбанк.

Дополнителен бенефит за примателите на пензија преку Халкбанк е и уникатниот пензионерски пакет кој вклучува дебитна картичка за подигнување на средствата од сите банкомати од сите банки во земјата без трошоци, можност за користење на дозволено пречекорување на трансакциската сметка и лимит на картичка до две пензии, можност за плаќање на сметките за комуналии (вода, струја, парно итн.) без провизија, како и можност за потрошувачки кредит со рок на отплата до навршување на 75 години на носителот на кредитот“, се вели во соопштението на Халкбанка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

еМагазин Ви ја честита новата 2024 година

Редакција

Мухамед Зекири и семејството го победија корона вирусот: Низ што поминавме, не му посакувам на најголемиот непријател

Редакција

(Фото) Нова трансплатација: Срцето на 44-годишна донаторка почна да чука кај пациент кој боледува од тешка кардиоваскуларна болест

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница