еМагазин
Image default
Локално

Отстранет дефектот на цевковод во рудникот САСА

Денеска, околу еден часот по полноќ, ниските температури (-10˚C) и мразот предизвикаа напукнување на цевководот за транспорт на пулпа од рудникот Саса до постојката за одложување, при што предизвикано е краткотрајно истекување во локалниот речен тек, информираат од таму.

„Дефектот на цевководот веднаш е отстранет од страна на екипите на Рудник САСА, при што истекувањето на пулпата е сопрено и со тоа состојбата е целосно нормализирана.

Согласно процедурата во вакви случаи, утринава се земени примероци од водата долж течението на реката кои во текот на денот ќе бидат доставени на анализа во акредитирана лабораторија. По добивањето на резултатите од анализата, рудникот САСА, доколку е потребно, ќе преземе и дополнителни мерки за елиминирање на евентуалните последици од истекувањето.

Дополнително, постапувајќи согласно одредбите од Законот за заштита на животната средина и правилата од А-интегрираната еколошка дозвола, за случајот се известени и сите надлежни институции на државно и локално ниво“, се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тројца скопјани нападнати во дискотека во Градскиот парк

Редакција

Рачна бомба од Првата светска војна пронајдена во Охридско Езеро кај Трпејца

Редакција

Тешко повреден велосипедист во „сообраќајка“ со две товарни возила во Струмица

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница