еМагазин
Image default
Македонија

Отсуство на обвинет го одложи „Насилство во Центар“ за 29 октомври

Поради отсуство на обвинетиот Александар Брајковски судењето за предметот на СЈО „Насилство во Центар“ е одложен за 29 октомври.

Обвинетиот до судот доставил поднесок со кој ги известува дека во тој период имал закажано седница на општина Гази Баба, во кој тој е советник.

На ова реагираше обвинителката Фатиме Фетаи која кажа дека причините за отсуство на Александар не се оправдани и се со цел да се одоговлечи судењето. Таа предложи судијата да нареди присилно приведување и тоа веднаш.

Адвокатот Боро Тасевски, пак, барањето на СЈО е неосновано, бидејќи се работи за седница на чиј дневен ред се 12 точки што треба да ги гласаат советниците посебно, бидејќи во Советот на општина Гази Баба соодносот на политичкитер сили е таков што само со еден глас може да се донесе или укине некоја одлука.

Специјалната обвинителка Фетаи рече дека судијата треба да пресече што е поважно, седницата на Советот на општината или судењето што се води во моментов.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Му бара оштета од 1.000 евра: Заев го тужи потпреседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски

Редакција

Напредокот на Македонија на патот кон ЕУ зависи од успешното справување со корупцијата, порача германската амбасадорка

Редакција

Не сум го гласал Мерко и не живеам во Струга, за да кажам дали да даде оставка, вели Османи

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница