еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Отворен ден во НОВА за сите заинтересирани идни ученици и нивните семејства

Сите аспекти поврзани со образованието на еден ученик во Меѓународното училиште НОВА ќе бидат претставени на отворен настан за пошироката јавност што ќе се одржи на 4 април (вторник), информираат од таму.

Настанот „Пролетен отворен ден“ е наменет за сите семејства кои се заинтересирани да дознаат повеќе за програмата на училиштето, едукативната филозофија, училишниот кампус, како и за сите домашни и меѓународни акредитации и партнерства.

Настанот се состои од две сесии. Едната е утринска сесија која започнува во 8:30 часот и е наменета за ученици во предучилишниот центар и основнотото училиште (од тригодишна возраст до петто одделение), а втората е попладневна сесија закажана во 17:15 часот, наменета за ученици во предметна настава (од шесто одделение до четврта година гимназија).

Покрај основните информации за нашата академска програма, училишните дополнителни активности и поддршката во учењето, посетителите на настанот ќе можат да видат и како изгледа еден училишен ден во НОВА.

Во текот на посетата, тие ќе имаат можност да разговараат со одговорните лица од нашата уписна канцеларија и да постават конкретни прашања, како и да се сретнат со нашите советници за академска и социо-емоционална поддршка.

-НОВА е препознатлива и по активностите и иницијативите што ги организира Здружението на родители и наставници, чии претставници ќе бидат присутни на отворениот ден за да одговорат на поставените прашања. За децата-гости се планирани интерактивни едукативни игри и прошетка низ кампусот предводена од ученици на НОВА.

Ни претставува особена чест и задоволство да го отвориме кампусот на НОВА кон пошироката јавност и да демонстрираме што е тоа што го прави нашето училиште посебно, велат од таму.

Заинтересираните посетители може да го пријават своето присуство на следниот формулар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јубилеен 15. Марш на црвените чадори: Побезбедни услови за работа и подобро законско решение за сексуалната работа во земјата

Редакција

Подготви се за опуштено филмско уживање во празничничните денови со МТЕЛ мобилната апликација mPLAY

Редакција

Дуна го скрати работното време за новите мајки

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница