еМагазин
Балкан

Отворени плажите во Грција, една седмица пред официјалниот почеток на туристичката сезона

Под правила и протоколи, слични на оние од лани, со растојанија меѓу лежалките и чадорите, но без музика, како што е во кафулињата, од денеска се отворени плажите и бич баровите во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Со оглед на тоа што во земјата сè уште не се укинати сите рестрикции наметнати од карантинот, како и за секое движење, така и за на плажа, за граѓаните задолжително е испраќање смс порака.

Откако во средата беше соопштено дека организираните плажи ќе се отворат на 8 мај, во изминатите денови интензивно се работеше на подготовките.

Се местеа чадори и лежалки, кои треба да бидат на растојание од четири, односно два метри, дозволени се по две лица, освен ако не станува збор за семејство.

Задолжителна е употребата на антисептик и дезинфекција на лежалките.

За персоналот, задолжителни се маската и селф тестовите, односно тестовите за домашна употреба.

Отворањето на плажите, доаѓа една седмица пред официјалниот почеток на туристичката сезона во Грција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Грција ќе може да патуваме од 14 мај со негативен ПЦР тест или со потврда за вакцинација

Во Грција на плажа ќе може и со руска и со кинеска вакцина

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Претседателски избори во Црна Гора: Ѓукановиќ и Милатовиќ одат во вториот круг

Редакција

Мицотакис: Грција го поддржува европскиот пат на земјите од Западен Балкан

Редакција

На солунското пристаниште конфискувани контејнер со над 12 милиони шверцувани цигари од Кина наменети за Македонија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница