еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Отворени сме за дијалог, состанок кога ќе се исполнат потребните услови, велат од бугарското Mинистерство за надворешни работи

Бугарија останува останува отворена за отворен дијалог и соработка со Република Северна Македонија, но сите состаноци мора да се одржат под одредени услови, се наведува во официјалната изјава на новиот министер за надворешни работи Светлан Стоев, што ја пренесуваат бугарските медиуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Светлан Стоев, привремениот министер за надворешни работи на Бугарија

Како што јави дописникот на МИА од Софија, во изјавата е наведено дека „Република Северна Македонија предложи телефонски разговор меѓу двајцата министри за надворешни работи и тоа ќе се реализира веднаш штом ќе дозволи распоредот на министерот Стоев“.

„Бугарија отсекогаш била и останува отворена за отворен дијалог и соработка со Република Северна Македонија. Меѓувладин состанок може да се одржи кога ќе бидат исполнети потребните предуслови и услови. Одржување состанок во таков формат мора да биде полн со содржина.

Во оваа смисла, потсетуваме дека годишниот извештај за работата на заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања треба да биде усвоен на претстојниот меѓувладин состанок.

Ја користиме приликата да потсетиме дека министерот Стоев при стапување на должност рече дека бугарската страна останува отворена за дијалог, а привремената влада не е овластена да ја менува рамковната позиција на Бугарија, што беше усвоено со консензус од сите политички сили во Парламентот,“ се потенцира во изјавата на бугарското Министерство за надворешни работи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Наследникот на Захариева најави дека Бугарија нема да има промена на позицијата кон Македонија

МИА/Фото: Фејсбук/МНР Бугарија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Мак Аутостар“ го доби тендерот на СОЗР на Владата за набавка на пневматици за блиндирани возила вреден 53.000 евра

Редакција

Пациентите можат да се лекуваат непречено, се справуваме со сајбер напад, велат од Фонд за здравствено осигурување

Редакција

(Фото+Видео) Струмичанка заедно со италијанските колеги проектираа енергетски ефикасна билетара за “Островот на коските“ во Охрид

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница