еМагазин
Македонија

Отворени советнички листи на локалните избори следната година, најави Маричиќ

На локалните избори во октомври следната година, верувам дека е можно да постигнеме согласност за отворени советнички листи и да се гласа со преференцијални гласови. Тоа е чекор напред кон определбата за отворени кандидатиски листи и за една изборна единица, изјави на денешната прес-конференција министерот за правда Бојан Маричиќ.

Во однос на Изборниот законик и можноста за отворени листи и една изборна единица, Маричиќ потсети, дека иако тоа се носи со апсолутно мнозинство, добрата пракса укажува дека тој закон се носи со консензус.

– Знаете дека и од сегашното мнозинство и од СДСМ особено, имаше определба за воспоставување една изборна единици. Сепак ќе зависи дали тоа ќе се случи од волјата на останатите, бидејќи тоа е системска промена за која што треба да има консензус за да може да биде спроведена. Доколку сите партии или партиите со најмногу пратеници во Собранието се согласат околу оваа реформа, секако дека ќе ја вградиме, изјави Маричиќ.

Доколку не се успее во тоа, Маричиќ изрази уверување дека е можно постигнување согласност на наредните локални избори во октомври да се овозможи еден степен повеќе на демократизација.

– Тоа е советничките листи да бидат отворени и да се гласа со преференцијални гласови. Тоа ќе биде еден чекор напред кон определбата што ја имавме пред овие парламентарни избори за сосема отворени кандидатиски листи и за една изборна единица, изјави Маричиќ.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Игор Спасов, убиецот на Мартин Нешковски уапсен во Софија

Редакција

Катица Јанева во затвор работи како библиотекарка

Редакција

Намалување од 39,5%: Минатата недела регистрирани 3.702 нови случаи на Ковид-19

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница