еМагазин
Image default
Македонија

Јовески апелираше да не се обвинува возачот на автобусот, додека не заврши истрагата

Обвинителството не може конкретно во овој момент да ја посочи одговорноста на лице за сообраќајната несреќа кај Ласкарци, се прибираат докази и во оној момент кога ќе ги обезбедат вештачењата и сообраќајното и техничкото ќе донесе соодветна обвинителска одлука, информираше државниот јавен обвинител Љубомир Јовески на денешната заедничка прес-конференција со обвинителката Вилма Русковска од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, на која информираа за петте осомничени организатори на настаните од 27-ми април во Собранието.

На новинарско прашање до која фаза е истрагата за сообраќајната несреќата Ласкарци и дали се разгледуваат пријавите поденсени од МВР за ширење говор на омраза, Јовески уште еднаш повтори дека во овој момент обивнителството нема податоци кој е одговорен за сообраќајната несреќа.

– Во моментот се вршат вештачења во делот на тој предмет и откако обвинителството ќе ги обезбеди овие докази, а во исто време веќе се повикуаат сведоци, ќе може поконкретно да соопшти за причините и евентуалната кривична одговорност на сторителот или сторителите на кривичното дело, рече Јовески.

Додаде дека се обезбедени дел од материјалите што ги барало ОЈО од превозникот „Дурмо турс“, а возачот е еднаш сослушан, но тоа, подвлече, не значи дека не може уште еднаш да биде сослушан.

Обвинителството активно го следи и постапува и по пријавите од МВР и целиот тој настан во делот на говор на омраза.

Во врска со информациите дека на возачот и на неговото семјство му се заканувале по живот, државниот обвинител Јовески апелира да се почитува начелото презумпција на невиност.

МИА/Фото: meta.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Загинатите и повредените во автобуската несреќа, треба да бида пријавени како несреќи на работно место

Четворица повредени во сообраќајката на автопатот Скопје-Тетово се уште во критична состојба

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа уште четворица пациенти од корона вирусот, вкупно до сега 110

Редакција

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 44 пациенти, а вкупно се лекуваат 469 лица

Редакција

Пендаровски: Бегството на Мијалков ги дискредитира напорите за справување со криминалот и високата корупција

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница