еМагазин
Image default
Македонија

Јовески: По предметите од СЈО не е исклучена можноста да постапуваат и досегашните обвинители

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески во изјава за МИА вели дека Обвинителството е подготвено и има капацитет да постапува по сите кривично правни предмети од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и оти се надева дека процесот ќе тече брзо.

Смета дека по преземањето на предметите и евентуално донесување на Законот за јавно обвинителство ќе се одлучи кои обвинители ќе постапуваат по предметите и не е исклучена можноста и досегашните обвинители да постапуваат по предметите.

– Јавното обвинителство беше известено со писмен допис дека јавните обвинители од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО) се овластени да ги достават предметите во ЈОРСМ.

Следи взаемно договарање околу техничките детали за предавање на предметите, моментот и редоследот. Обвинителството е подготвено, има капацитет да постапува по сите кривично правни предмети. По пристигнување на предметите и нивно распределување по обвинителствата, постапувањето од страна на ЈО ќе тече согласно законските надлежности. Се надеваме дека процесот ќе тече брзо, вели Јовески.

Советот на јавни обвинители, како што истакнува Јовески, после 15 септември треба да одлучи за статусот на јавните обвинители и нивното враќање во матичните обвинителства со оглед дека функцијата јавен обвинител во тие обвинителства им мирува.

-Доколку се донесе нов Закон за Јавно обвинителство, во него сигурно има одредби за нивниот статус. По преземањето на предметите и евентуално донесување на Законот ќе се одлучи кои обвинители ќе постапуваат по предметите, не е исклучена можноста и досегашните обвинители да постапуваат по предметите, вели државниот јавен обвинител Јовески за МИА.

МИА/Фото: Телма

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пинг-понг со предметите на СЈО: СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ го урнисаа правниот систем

Калајџиев: Јанева не може да ги отстапува предметите, нема политичка волја СЈО да продолжи да работи

Поранешниот обвинител Наков: Полномошното на Јанева нема никаква правна важност

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 71: Шест новопочинати од коронавирусот во Македонија

Редакција

Средба на Османи со Вархеји: Постои замор од постојаното одложување, нужен е исчекор кон пристапните преговори

Редакција

(Фото) Во Битола уапсени двајца полицајци за одавање на службена тајна

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница