еМагазин
Image default
Македонија

Јовески: За дисциплинската за Русковска треба да се обезбедат докази и да се произнесат засегнатите

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески вели дека за дисциплинската постапка за шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈОГК), Вилма Русковска треба да се обезбедат определени докази и за нив да се изјаснат обвинителите опфатени со постапката.

-Комисијата за дисциплинска одговорност го разгледа предлогот за покренување дисциплинска постапка и колку што сум информиран по тој предлог донесе решение за поведување дисциплинска постапка.

Натаму знаете, во самата постапка треба да се обезбедат определени докази и треба да се произнесат јавните обвинители за кои се води оваа постапка, изјави Јовески, на новинарско прашање дали има новини во однос на дисциплинската постапка за Русковска.

По тврдењата на обвинителката Русковска дека четири години не бил правен надзор на работата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Јовески рече дека подолго време не е направен надзор не само во тоа обвинителство, туку и во други, имајќи ги предвид состојбите со Ковид-19.

-Да, во овој период беше извршен надзор во определени обвинителства, но само онаму каде што тоа го налагаа потребите, рече Јовески, кој учествува на тркалезна маса на тема „Превенција и следење на корупцијата во судството“.

Републичкиот јавен обвинител врз основа на член 81 од Законот за јавното обвинителство, минатиот месец донесе Решение за оддалечување од функцијата на шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска додека трае кривичната постапка поведена по поднесена кривична пријава против неа, а по претресот во Управата за финансиска полиција од страна на ОЈОГК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се бара наследник на Русковска, распишан оглас

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ставен под контрола пожарот кај селото Ѓавото, во Кочани од невремето поплавени домови

Редакција

Антикорупциска донесе одлука за запирање на предметот против екс-претседателот Иванов за унапредување и именување на лица во Армијата

Редакција

Црвенковска да ги пријави сите притисоци или влијанија до институциите, порача Ковачевски

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница