еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Убава вест: Пациентот на кој во средата му беше трансплатирано срце полека се опоравува

Во одделот за интензивна нега при Универзитетската клиника за кардиохирургија, постепено се опоравува пациентот на кој му беше трансплантирано срце во средата, информира министерот за здравство Венко Филипче.

Тој на својот Фејсбук профил напиша дека е задоволен од завршената операција и се заблагодари на хуманоста на семејството на починатата донорка.

-Благодарение на хуманоста на фамилијата и гестот на починатата донорка, сега тој е во нова надеж за подобро здравје. Му посакувам брзо враќање во секојдневните навики и рутини, а пред се, успешно оздравување, стои во објавата.

Трансплантацијата на срце што беше извршена завчера е петта во државава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петта трансплантација на срце кај 66-годишен пациент и две на бубрези кај двајца 40-годишни пациенти

Фото: Фејсбук/Филипче

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Малолетници нападнале 18-годишно момче во автобус на ЈСП и го раниле со нож

Редакција

Штип, Свети Николе и Скопје со најмногу случаи на Ковид-19 на 100 илјади жители

Редакција

Министерката Петровска се уште не добила одговор за иницијативата за споменици на бранителите кај Вејце, Карпалак и Љуботенски бачила

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница