еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Драстичен пад на извозот од 23,8% во првите четири месеци

Извозот од земјава во првите четири месеци од годинава бележи пад од 23,8 отсто во однос на тој период лани, објави Државниот завод за статистика.

Објавените податоци покажуваат пад и на увозот за 19 отсто.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот од јануари до април 2020 година, изнесува 1.782.502 илјади американски долари, додека вредноста на увeзената стока изнесува 2.522.698 илјади американски долари.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – април 2020 година, изнесува 740.196 илјади американски долари. Покриеноста на увозот со извоз, изнесува 70,6 отсто.

Во овој период најмногу се извезувале катализатори на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, делови на седишта и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел).

Во увозот  најмногу биле застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Во периодот јануари – април 2020 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Бугарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во мај најмногу пораснала цената на овошјето

Поради корона вирусот се зголеми побарувачката на велосипеди, а со тоа скокнаа и цените

Горивата поскапуваат за денар и половина

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доминација: Трите најголеми банки со поголем профит од сите останати компании на берзата

Редакција

Убава вест: Оздравени 197 лица кои боледувале од Ковид-19

Редакција

Сите 21 протерани руски дипломати од Македонија се занимаваа со шпионажа, тврди Пендаровски

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница