еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Палењето на клубот во Битола нема да ги наруши односите меѓу двете земји, рече Генчовска

Палењето на клубот во Битола нема да ги наруши односите меѓу двете земји, рече министерката за надворешни работи Теодора Генчовска при посетата на културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола.

„Како што ме увери началникот на Битолската полиција преземени се сите мерки и во најскоро време ќе следат резултати. Се надевам на конечни резултати за да има конечна пресуда за извршителот,“ изјави Генчовска и изрази надеж дека македонските служби ќе спроведат брза истрага и ќе го фатат сторителот.

Генчовска додаде дека ова никогаш не би можело да биде провокација од бугарска страна, но дека името на клубот нема да се менува, туку и понатаму ќе остане да се нарекува Ванчо Михајлов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Ова кривично дело не случајно е извршено на денешен ден“, се вели во осудата на МНР за палењето на влезот на здружението „Иван Михајлов“ во Битола

Фото: МНР на Бугарија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судскиот совет ќе распише нов оглас за судии за пополнување испразнети места во судовите низ државава 

Редакција

А1он: По синот, во РЕК Битола вработен и братот на пратеничката на СДСМ, Мира Стојчевска

Редакција

Во пописот ќе има и етничка графа, договориле Заев и Ахмети

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница