еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Поранешниот претседател на Кривичен суд, Панчевски сам се пријавил во затворот во Шутка

Поранешниот претседател на Кривичнит суд Скопје, Владимир Панчевски, од денска напладне се наоѓа во КПУ Затвор Скопје познат како Шутка, потврди за МИА директорот на затворот, Есад Рахиќ.

Панчевски денеска во 12 часот напладне самиот се пријавил во затворот. При приемот бил прегледан, му била измерена температура, и откако е утврдено дека нема никакви симптоми на Ковид-19 е примен во притворското одделение.

Скопската полиција претходно во три наврати не успеа да го пронајде обвинетиот на неговата адреса, кому му беше одреден притор од Судот во Велес.

Панчевски е обвинет за злоупотреба на системот АКМИС, а против него, како што соопшти вчера министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, била распишана потерница.

Судот во Велес во петокот му одреди притвор на поранешниот претседател на Кривичен суд Скопје, заради неприсуство на рочиштето за предметот АКМИС. На рочиштето не бил прусутен ниту неговиот бранител.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Национална потерница за поранешниот претседател на Кривичен, Панчевски

Распишана потерница за Владимир Панчевски, се проверува дали ја напуштил државата

Фото: Фејсбук/Панчевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски: Собрани 500 потписи за иницијативата за референдумот, на потег е Собранието

Редакција

Православните верници го слават Богојавление-Водици

Редакција

Колку потрошил Жито Лукс за плати и надоместоци на менаџментот лани

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница