еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Пандемијата на коронавирусот долгорочно ќе влијае на менталното здравје, велат од СЗО

Пандемијата на коронавирусот веројатно долгорочно ќе влијае на менталното здравје ширум светот, предупредува европската канцеларија на Светската здравствена организација (СЗО) во новиот извештај.

„Психолошките лузни што ги остави пандемијата произлегуваат и од инфекцијата и од стравот од инфекција, но и од психолошките последици од заклучувањето и самоизолацијата, за што многумина се одлучија во обид да го запрат ширењето на болеста“, наведува СЗО.

Покрај тоа, и грижата за невработеноста, финансиите и социјалната изолација може да доведат до пад на општото ментално здравје, се предупредува во извештајот.

– Луѓето во европскиот регион буквално се распаѓаат под притисоците на Ковид-19 и неговите последици“, рече регионалниот директор на СЗО, Ханс Клуге.

Тој истакна дека последиците од болеста во голема мерка ќе влијаат на менталното здравје и благосостојба на луѓето. Во исто време, како што рече Клуге, „пандемијата им дава шанса на земјите да размислат како да обезбедат грижа за менталното здравје и да ги направат потребните реформи“.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Негативен резултатот на последното лице што денеска беше тестирано за коронавирус

Редакција

(Фото) Атиџе со нова фризура непрепознатлива за на Оскари: Ќе може да им парирам на Бред Пит и Ди Каприо

Редакција

БРАВО: И “Текстил М“ од Македонска Каменица почна да произведува заштини маски, кои ќе ги донира

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница