Докторот Никола Пановски во Студио 10 на ТВ 24 потенцираше дека единствени симтоми според кои можеме да сме уверени дека сме ковид позитивни е губење на мирис и вкус.
– Сите ќе го прележат омикронот. Ќе има многу позитивни. Голем број се без симтоми. Над 60 години и тие што имаат антитела да примат трета доза вакцина. За другите е сами да решат.
Симтомите на обична настинка и омикронот се многу слични и тешко е да се препознаат. Најчесто такви се болката, покачена температура, тешко е да се препознае дали е настинка или ковид.
Најважно е штом се нема мирис и вкус значи станува збор Ковид-19, вели Пановски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пановски: Заштитени се оние што го прележале делта сојот и што се вакцинирани со трета доза