еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Пановски со апел до здравствените власти: „Ве молам под итно преведете протоколи за Ковид-19, волку лекови одеднаш ни здрав атлета нe би издржал“

Микробиологот и професор Никола Пановски на неговиот фејсбук-профил објави апел здравствените власти да објават протокол за лекување на Ковид-19, за да не дојде до непoтребно труење со лекови.

„По непроспиена ноќ и консултација со пет колеги, кои ги почитувам, а се активни во борбата против Ковид-19, и нивниот одговор 4:1, дека треба да објавам приказ на случај на пациент, не го знам, воден од интернист и него не го знам (резултатите се со избришани имиња и ЕМБГ, ги имаат петте колеги и министерот Филипче, не би ги објавувал оригинално), сепак:

Пациентот е со ЦРП 1,5, леукоцити 3,5, и се друго е во нормала освен покачени д димери 850. РТГ – понагласена.

Терапија: Панцеф, 10 дена, Сумамед 6 дена, Моксирал 10 дена, тоа од антибиотици, друго: ампули Nevaxon, Aminophyllinum, Novalgetol, Urbason, Famotidin, Clexan, се тоа да се прима два пати на ден, инфузија NaCl, и уште 3 суплементи во таблети.

Пациентот ги купил сите лекови за 7.000 ден, за среќа налетал на мои совесни колеги кои го пратиле на друг интернист и избегнато е „труење со медикаменти“.

Се работи за регион во Македонија каде смртноста од Ковид-19 е три пати повиска од просекот кај нас, а ова била стандардна терапија.

Како стручен за антибиотици нагласувам: сумамед се пие 3 дена, никогаш не се комбинира со моксирал, спектарот им се преклопува, а инаку во случајов нема индикации за антибиотик, нема пневмонија. За другите лекови нема да коментирам, само не ги разбирам зошто се дадени, освен клексанот.

Primum non nocere – пред се, не прави штета.

Порака до МЗ, ЛКМ, МЛД, Ве молам под итно преведете протоколи за Ковид 19 и објавете ги!!!

Хрватските се ок. Ова лудило мора да престане. Едуцираните и совесени матични лекари и оние од секундарното ниво на здравствена заштита се под невиден притисок од пациентите да се приклучат кон ова лудило и епидемија од полипрагмазија.

Штетата е огромна во секој поглед, па и во смисла на смртноста. Волку лекови одеднаш ни здрав атлета не би издржал,“ апелира Пановски.

Фото: Телма

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Едно лице загина во сообраќајка кај Врбјани на патот Охрид – Кичево

Редакција

А1 Македонија има повеќе претплатници во мобилната телефонија од Македонски Телеком

Редакција

Бранко Героски: На Карпов му извадив реми, а рекетариве и плукачиве планирам да ги матирам

Петре Димитров

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница