еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Папата Франциск: Светот е на пат кон самоуништување

Папата Франциск денеска предупреди дека светот е „на пат кон самоуништување“ доколку политичките лидери не успеат храбро да ја искористат пандемијата на Ковид-19 како шанса да ја направат планетата Земја поправедно и позелено место.

Од неговиот избор во 2013 година, папата повеќе пати зборувал за потребата од заштита на животната средина, а денеска објави две видео пораки, едната по повод Денот на планетата Земја, а другата за самитот за климатски промени, чиј домаќин е американскиот претседател Џо Бајден.

Во видео пораката објавена за Светскиот ден на планетата Земја, папата Франциск истакна дека политичките лидери имаат можност подобро да излезат од оваа ситуација по научените поуки за социјалните неправди откриени за време на пандемијата на коронавирусот.

– И глобалните катастрофи, ковидот и климата, покажуваат дека немаме време за губење. Времето не притиска и, како што покажа коронавирусот, ние имаме средства да одговориме на предизвикот. Имаме средства. Време е за споделување, ние сме на граница, нагласи поглаварот на Римокатоличката црква.

Тој додаде дека неволјите со кои се соочи човештвото во пандемијата треба да ги охрабрат лидерите да тежнеат кон иновации и пронајдоци со цел подобро да ја заштитат планетата.

Папата апелираше до „сите лидери во светот да се однесуваат храбро, да постапуваат чесно и секогаш да им ја кажуваат вистината на луѓето, за да можат луѓето да знаат како да се заштитат од уништување на планетата и како да ја заштитат планетата од уништување кое многупати сме го иницирале“.

Настанот, кој треба да ги врати САД на позицијата светски лидер во борбата против климатските промени откако поранешниот американски претседател Доналд Трамп се повлече од Парискиот климатски договор, папата Франциск го оцени како „прекрасен“.

Тој го критикуваше Трамп поради повлекувањето и ја поздрави одлуката на Вашингтон и сегашната администрација на Бајден да се вратат во договорот.

МИА/Фото: Photo by Ashwin Vaswani on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фотографија на денот: Македонци, Албанци, Турци заедно за Македонија

Редакција

(Фото) Во Дубровник прва средба на Османи со неговата бугарска колешка Габриел

Редакција

Британски научници се сомневаат дека децата се поподложни на новата варијанта на коронавирусот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница