еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Папата прв пат отворено се заложи за геј бракови

Папата Франциско изјави дека геј-луѓето треба да може да го легализираат своето партнерство во документарец кој беше премиерно прикажан денеска, пренесе „Ројтерс“.

„Хомосексуалците имаат право да бидат семејство. Тие се божји деца и имаат право на семејство“, рече папата во изјавата.

„Неопходно е да се донесе закон за граѓански брак. На тој начин тие ќе бидат законски опфатени. Јас се залагам за тоа“, додаде папата, со тоа поддржувајќи го животното партнерство на хомосексуалците, што е досега невидена позиција во рамките на Католичката црква.

Папата Франциско овие ставови ги претстави во документарниот филм „Франческо“, што беше прикажан денеска на Филмскиот фестивал во Рим и се занимава со ликот и делото на сегашниот папа.

Фото: Ројтерс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дијалогот со синдикатите е постојано во тек и ќе донесе решение, велат од Влада

Редакција

(Фото) „Маратонот на љубовта“: 500 црвени рози и почит за Тоше на Гумење во Крушево

Редакција

СЗО: Во светот 116.460 заразени од корона вирус, се проценува дека мнозинството ќе се излекуваат

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница