еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Партијата на Макрон под истрага, полицијата изврши претрес во седиштето

Француската полиција изврши претрес во седиштето на партијата „Препород“ на претседателот Емануел Макрон, како дел од истрагата за финансирањето на изборните кампањи во 2017 и 2022 година.

Истрагата за финансирање на кампањата премина во оперативна фаза, а француската жандармерија влезе во седиштето на партијата на Макрон, како и во просториите на консултантската фирма „Меккинси“ во Осмиот париски арондисман, по што аферата го доби и името, јави парискиот весник  „Паризиен“.

Информацијата ја потврдија и од државното обвинителство за финансии, пишува „Либерасион“ и додава дека и претходно биле претресувани канцелариите на „Меккинси“, но ова е првпат жандармеријата да биде во просториите на партијата на Макрон.

Претресот е извршен врз основа на две истраги што ги води обвинителството, а француските медиуми јавуваат дека жандармеријата ги посетила и канцелариите на финансиери на кампањата.

Француските обвинители во октомври отворија истрага за финансирањето на претседателските кампањи на Макрон и финансиските неправилности поврзани со ангажирањето на консултантски фирми.

Францускиот министер за економија Бруно Лемер во ноември призна дека имало неправилности при ангажирањето на консултантската фирма „Меккинси“.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Албанија има 2.281 „северномакедонци”, Бугари од 0 во 2011 сега има 7.597

Редакција

Јотова: Палењето на Центарот за култура во Битола е уште една провокација и дел од антибугарската кампања

Редакција

Бројчаникот за „украдените“ пари никако да почне да врти

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница