еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Партнерката на Ципрас, Бети Базиана положи цвеќе на гробот на Гркот Зорба во Скопје

Бети Базиана, партнерката на грчкиот премиер Алексис Ципрас, денешната историска прва посета на премиер на Грција на нашата држава, ја искористи за да положи цвеќе на гробот на Гркот Зорба на скопските гробишта Бутел.

Базиана положи цвеќе на грбот на човекот прикажан преку зборовите на грчкиот писател Никос Казандзакис во романот „Алексис Зорбас“.

Георгиос Зорбас во 1922 година заедно со ќерката Екатерина од Солун со воз дошол во Скопје каде што останал да живее до смртта во 1941 година. Бил погребан во близина на Скопје, за подоцна неговите правнуци да ги префрлат неговите останки во семејната гробница во Бутел.

МИА/Фото: АНА-МПА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Заева и партнерката на Ципрас на прошетка на Кале

(Галерија) Разлики и сличности: И двајцата имаат по две деца, Заев и Ципрас приватно

Партнерката на Ципрас во Скопје ќе има посебна програма со Зорица Заева

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На повреден во пожарот во Кочани му е извршена трансплантација на лице

Редакција

Д-р Петличковски: Во Македонија од пред неколку недели доминира стелт омикронот, кој е позаразен

Редакција

Откриени пропусти во лекувањето на петгодишното девојче на Детската клиника, кое почина од воспаление на мозокот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница