еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пасошите на иселениците кои истекуваат по 31 јули ќе важат до 31 декември 2021

Собранието тукушто ги помина измените и дополнувањата на Законот за патни исправи на државјаните на Република Северна Македонија со кои на оние граѓани кои им е истечена патната исправа, или истекува после 31 јули, се продолжува рокот на важење на овие документи до 31 декември 2021, информираше на неговиот Фејсбук-профил, министерот за надворешни работи Бујар Османи.

„Со тоа конечно им се излезе во пресрет на потребите на голем број наши граѓаните кои поради пандемијата, рестриктивните мерки, карантините, и другите отежнати услови, беа спречени навремено да ги продолжат своите документи.

Продолжуваме понатаму и со проектот за е-конзулат, со мобилни базни станици, со кои наскоро целосно и долгорочно ќе го затвориме прашањето за издавање патни исправи во странство,“ напиша Османи.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со што Бесими и функционерите заслужија покачување на платите, а администрацијата не, реагираат од ССМ

Редакција

Димитров: Чувстувувам тенденција Преспанскиот договор да се внесе во води во кој тој не навлегува

Редакција

Заев очекува меѓувладина конференција до крајот на годината: „Се работи за точки коишто се решливи“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница