еМагазин
Image default
Локално

Педесетгодишен затвореник пронајден мртов во „Идризово“, нема видливи траги на насилство

Педесетгодишен затвореник од Скопје, кој издржувал казна затвор од 11 години, бил пронајден починат во полуотвореното одделение од Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, лекар од итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

– На 06.06.2023 во 03.55 часот во СВР – Скопје, од Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ било пријавено дека во просторија во полуотвореното одделение бил пронајден починат затвореникот В.Л. (50) од Скопје, кој издржувал казна затвор од 11 години.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, стои во соопштението од МВР.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Измама во Охрид: Му зел 2.000 долари за да му обезбеди виза за САД

Редакција

Неколкумина тепале скопјанец пред угостителски објект на „Партизанска“

Редакција

Дебрани и жители од Пешкопеја физички се пресметувале во центарот на Дебар

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница