еМагазин
Локално

Педесетина штркови се подготвуваат за заминување од Кривогаштани

Во прилепско Кривогаштани, според неофицијалната процена на жителите, има 50-тина штркови. Според традицијата, штрковите заминуваат во потоплите краишта на празникот „Свети Пантелејмон“, на 9 август, секоја година.

За штрковите се мисли дека се верни на семејството, живеат во двојки и доколку почине еден, остануваат сами.

Во прилепско Кривогаштани навикнати се на гнездата на штрковите крај куќите, на високите бандери, столбови, на покривите. И штрковите и луѓето живеат заедно од пролет до август.

„Штрковите се подготвуваат да заминат. Тоа е така откако паметиме. Деновиве сите ќе се иселат за да дојдат на пролет. Еве, можеби се чекаат да се соберат, а и можеби чекаат да добијат пасоши. Времињава се нови, нестабилни“, малку на шега коментираат кривогаштанци.

Паметат дека од пред неколку години локалните власти сакаат да им создадат посебна населба со гнезда, ама штрковите „си тераат по свое“. Имаат свои домови кои сами ги создале и не сакаат да ги напуштат. Кривогаштанци сфатиле дека треба да ги почитуваат навиките на штрковите.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР во ноќен лов во Тетово: Казнети 33 возачи, се вози со над 220 километри на час

Редакција

Сакале да крадат од зградата која се запали во скопски Чаир, уапсени две лица

Редакција

40-годишен кумановец загина откако паднал од мотор на патот Битола-Ресен

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница