еМагазин
Image default
Бизнис

Пекабеско со добивка од 42,6 милиони денари во време на „корона“ криза

Пекабеско АД Скопје за периодот јануари-јуни 2020 година оствари позитивен консолидиран финансиски резултат искажан во неревидираниот Биланс на успех во износ од 42,6 милиони денари и истиот е понизок за 26% во споредба со претходната година, соопшти компанијата преку Македонската берза.

“Остварените вкупни консолидирани приходи од работењето во периодот јануари-јуни 2020 година изнесуваат 2.153,6 милиони денари и во споредба со остварените во истиот период во 2019 година бележат намалување од 6%.

Во структурата на вкупните приходи најголемо учество од 98,8%, имаат приходите остварени со продажба на готови производи, стоки и услуги кои во споредба со остварените во 2019 година бележат намалување од 6%.

Приходите од извоз изнесуваат 294 милиони денари и во споредба со остварените во истиот период во 2019 се повисоки за 8%.

Остварените вкупни консолидирани расходи во периодот јануари-јуни 2020 година изнесуваат 2.095,9 милиони денари и во споредба со остварените во истиот период во 2019 година бележат намалување за 7%“, соопшти компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пекабеско во „корона“ криза инвестирал 44 милиони денари

Пекабеско предвремено ги исплати обврските кон државата како поддршка во националната борба со коронавирусот

Кои се предлозите за нови членови на Управниот одбор на „Пекабеско“?

Фото: Пекабеско

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Германските инвеститори со лоша оценка за Владата зашто се фокусирала само на надворешната политика

Редакција

Настел продаде нови акции на Реплек

Редакција

А1 Македонија започнува финално тестирање на 5G мрежа

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница