еМагазин
Image default
Бизнис

Пекабеско со раст на добивката за 4%

Во периодот јануари – септември 2021 година Пекабеско АД Скопје оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот единечен Биланс на успех во износ од 78.8 милиони денари и истиот е повисок за 4% во споредба со претходната година, информираат од компанијата преку Македонската берза.

“Остварените вкупни приходи од работењето во периодот јануари-септември 2021 година изнесуваат 3.545,1 милиони денари и во споредба со остварените во истиот период во 2020 година бележат зголемување од 4%.

Во структурата на вкупните приходи најголемо учество од 99,0%, имаат приходите остварени со продажба на готови производи, стоки и услуги кои во споредба со остварените во 2020 година бележат зголемување од 5%.

Приходите од извоз изнесуваат 477 милиони денари и во споредба со остварените во истиот период во 2020 се повисоки за 10%.

Остварените вкупни расходи во периодот јануари-септември 2021 година изнесуваат 3.426,2 милиони денари и во споредба со остварените во истиот период во 2020 година бележат зголемување за 4%.

Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари-септември 2021 година изнесуваат 25,8 милиони денари“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пекабеско во првите шест месеци инвестирал 11,2 милиони денари

Пекабеско со зголемена добивка во првите шест месеци од годинава

Фото: Пекабеско

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Насир Туризам“ го доби тендерот за општина Гостивар за превоз на ученици вреден 44 милиони денари

Редакција

Телеком Србија, преку МТЕЛ, од пролет стартува и со понуда за мобилна телефонија, вели генералниот директор, Владимир Лукиќ

Редакција

Поевтинуваат дизелот, мазутот и бензинот „Еуросупер 98“, цената на „Еуросупер 95“ останува иста

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница