еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пендаровски: Португалското претседателство очекува Бугарија до 22 јуни да ја одобри преговарачката рамка за Македонија

Португалското претседателство очекува до 22 јуни, кога треба да се одржи и Советот за општи работи на ЕУ, Бугарија да ја одобри преговарачката рамка за С Македонија, изјави претседателот Стево Пендаровски, во интервју за „360 степени“ на Алсат М.

Пендаровски кој вчера се сретна со шефот на дипломатијата на Португалија, Аугусто Сaнтош Силва, рече дека португалското претседателство понудило иницијален сет на идеи во кој се уфрлени неколку работи од спорните точки меѓу С Македонија и Бугарија.

– Никој не очекува дека ќе се решат спорните прашања за недела или две, дури ни португалското претседателство кое се приближува кон крајот на нивното претседавање.

Министерот Силва рече дека во Софија ги слушнал нивните загрижености и доаѓа во Скопје за да ги слушне и нашите размислувања за неколку критични точки. Бидејќи како и Бугарите, така и ние рековме дека за некои работи не можеме да разговараме, за некои ќе разговараме.

За тоа што нема да преговараме е познато, тоа е таканаречениот идентитетски комплекс, изјави Пендаровски.

Според шефот на државата, Силва побарал од македонското раководство да се кажат точните формулации за критичните точки, односно да се формулираат националните интереси.

– Силва рече дека до 22 јуни кога треба да се одржи европскиот совет, до тој момент, ќе очекуваат од бугарската страна да каже “да” за преговарачката рамка.

На тој совет присуствуваат само земјите-членки на ЕУ, затоа, португалското претседателство очекува дотогаш Бугарија да каже “да” за преговарачката рамка, но и да каже мислење за иницијалниот сет на идеи.

Доколку, Бугарија каже нешто или имаат барање за некаква модификација во тој сет на идеи, ќе нè информираат и ќе разговараме, тоа е прифатливо и за нашата страна, рече претседателот Стево Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И привремениот премиер на Бугарија ја потврди позицијата на Софија за Македонија

Нема промена на позицијата на Бугарија во однос на Македонија, вели министерот Стоев по средбата со Вархеји и Силва

За Бугарија неприфатлив предлогот: БГНЕС објави детали од решнието за надминување на спорот со Македонија

МИА/Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски позитивен на Ковид-19

Редакција

Формиран првиот музички бенд на деца и млади со оштетен вид „Звучен бран“

Редакција

Тим од студенти на ФЕИТ победи на светското финале во развој на систем за диференцирање на шизофренијата и биполарната психоза

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница