еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пендаровски вчера добил покана за Благоевград, но поради обврски наместо него ќе оди Миле Бошњаковски

Претседателот Стево Пендаровски вчера добил покана да присуствува на отворањето на македонскиот културен клуб – „Никола Вапцаров“ во Благоевград в недела, но поради претходно закажани обврски нема да присустува на настанот, туку ќе испрати свој претставник, информираа од Кабинетот на шефот на државата.
-Со оглед на претходно преземените обврски, претседателот не е во можност лично да биде присутен во Благоевград, но, во негово име ќе присуствува генералниот секретар на Кабинетот на претседателот Миле Бошњаковски, нагласуваат од Кабинетот на Пендаровски.

Пендаровски завчера во гостувањето на ТВ Сител изјави дека во недела нема да оди во Благоевград,  на отварањето на клубот Никола Вапцаров на ОМО Илинден Пирин, бидејќи не бил поканет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски и Пендаровски нема да одат, Мицкоски и Апасиев ќе одат на отварањето на македонскиот клуб во Благоевград

Фото: Кабинет на претседател

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ДИК ги одби сите шест приговори на Левица

Редакција

(Видео) Вкупно 52 години казна затвор за убиството на ракометарот Тот

Редакција

Во САД се испитува вакцина со трајна заштита против Ковид-19, открива доктор Пеева, Македонка која работи во Фајзер

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница