еМагазин
БЕСПАРИЦА

Пензионерите ќе добијат минимално зголемување на пензиите од 1,8 отсто заради усогласувањето

Со исплата на септемвриската пензија на почетокот на октомври ќе се изврши усогласување на пензиите за 2018 година за 1,8% кое се прави согласно со порастот на платите и трошоците на живот, информираат од Министерство за труд и социјала.

„Во износот на оваа исплата, ретроактивно ќе биде вклучено новото усогласување на пензиите од 1,8% за месеците јули и август. Тоа значи дека износот на средствата што пензионерите ќе гo добијат во октомври како септемвриска пензија ќе биде повисок во споредба со износите на исплатените пензии за месеците јули и август.

Со октомвриската пензија, пензионерите редовно ќе си добиваат усогласен износ на пензија со вклучени 1,8%, но без дополнителни разлики од претходниот период. Просечната пензија за месец септември во Република Македонија со вклучено усогласување од 1,8% изнесува 14.500 денари, а во септември 2016 година изнесувала 13.106 денари.

Ова е второ усогласување на пензиите годинава. Првото усогласување на пензиите беше направено на почетокот на 2018 година и изнесуваше 1,69%“, се вели во соопштението на Министерството за труд и социјала.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Цените на производите може да се намалат од сабота, доколку пратениците утре ги изгласат законските измени за ДДВ и акцизата

Редакција

Дел од услугите на Пошта поскапуваат, дел поевтинуват

Редакција

Катастарските услуги ќе поевтинат до шест пати

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница