еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Пензионерите ќе ги добијат пензиите пред празниците

Владата денеска го задолжи Фондот за пензиско осигурување до 23 април да ги достави податоците за пензиите до деловните банки, на кои пак, им препорача да овозможат пензионерите да располагаат со своите средства од 26 април, односно пред велигденските и првомајските празници.

„Владата денеска ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец април 2021 година, и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 23 април, а на деловните банки им се препорачува да обезбедат пензионерите да може да располагаат со априлските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 26 април,“ информира владината прес-служба.

Готовинската исплата на пензии за клиентите кои не користат картички ќе се оствари во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата и тоа за пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 26 април (понеделник), за пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 27 април (вторник), за пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 28 април (среда) и за пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 29.04.2021 година (четврток).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе има ли нов бран на поскапувања: Кои производи од денеска ќе се продаваат без ограничени маржи

Редакција

Сите детали: Кредити до 10.000 евра за невработени лица кои сакаат да отворат сопствен бизнис

Редакција

Истражување: Младите принудени да работат на пониски позиции и за помали плати

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница