еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Пет бугарски пратеници му откажаа љубов на Трифонов, станаа независни

Петмината бугарски пратеници, кои вчера најавија дека заминуваат од партијата „Има таков народ“ (ИТН) поднесоа барања за напуштање на пратеничката група во Народното собрание.

Николај Радулов, Дејан Петков, Иво Атанасов, Светлин Стојанов и Георги Георгиев станаа независни пратеници, јавија бугарските медиуми.

Парламентарната група на ИТН сега во бугарскиот Парламент има 20 пратеници.

Бугарските медиуми јавија дека на Фејсбук се организира национален марш за поддршка на владата на Кирил Петков и Асен Василев што треба да се одржи во Софија на 22 јуни.

Причина најверојатно се потресите во земјава во последните денови и повлекувањето на ИТН од владејачката коалиција.

„Целта на настанот е да се одржи мирен марш за поддршка на владата на Кирил Петков и Асен Василев. Сите што сакаат да бидат дел од промената нека дојдат во Народното собрание на 22.06.2022 година во 18:30 часот“, пишуваат организаторите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трифонов ќе ги тужи Петков и Василев оти го нарекоа „мафија“

За Петков Трифонов бил коалционен партнер на мафијата

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Општина Центар вработува осум лица, плата до 28.303 денари

Редакција

Шест починати лица од Ковид-19, вкупно до сега 5.435

Редакција

Починаа пет лица од Ковид-19, вкупно 3.156

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница