На 24.08.2018 година во 07.10 часот сe случила сообраќајна незгода на крстосница од улица “Орце Николов” и улица “Аминта трети” во Скопје во која учествувале патничко моторно возило “Фиат Линеа” со скопски регистарски ознаки управувано од Н.Т.(29) од Скопје и патничко моторно возило “Цитроен Ц3” исто така со скопски ознаки управувано од С.Х.(47) од Скопје, информира МВР.
Од незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во возиото “Цитроен” и на истата и е укажана лекарска помош во Градска општа болница “8ми Септември”, додека со телесни повреди се здобила С.Х. и три сопатнички во возилото „Фиат Линеа“ В.Н.(24), Д.С.(24) и Е.В.(19) сите од Скопје. Извршен е увид на местото на настанот.