еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Студија: Пет месеци по вакцинација со кинеската вакцина Синофарм антителата опаѓаат за 70%

Третата доза на кинеската вакцина Синофарм против коронавирусот го зголемува нивото на антитела, кои се намалуваат неколку месеци по добивањето на втората доза, покажа студија спроведена во Кина.

Студијата, која допрва треба да биде потврдена од други научници, е објавена во време кога третата доза од вакцината се дава на ризичните групи во Кина, од страв дека заштитата ќе ослабне со текот на времето, пренесе Гласот на Америка.

Пет месеци по повторната вакцинација со Синофарм, нивото на антитела опаѓа за 70 отсто во споредба со нивото достигнато четири недели по втората доза на вакцината, покажа студија во која учествуваа здравствени работници.

Но, една недела по третата доза, концентрацијата на антитела повторно се зголемува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лицата кои се вакцинирале со „Синофарм“ под итно да се вакцинираат со трета доза, вели директорот на Клиничкиот центар во Ниш

Неколку потврдени случаи во кои лица во Македонија воопшто немаат антитела, три месеци по примањето на вакцината „Синофарм“

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пад на извозот од 5.8%

Редакција

Владата одговорна за корона вирусот, партиите не толку: Кој ќе ги натера граѓаните да излезат на избори?

Редакција

(Видео) Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ заверија на нотар изјави дека нема да прифатат промена на Уставот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница