еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Пет нови интернационални награди за „Тиквеш“ и „Домен Лепово“

Вината на Винарската визба „Тиквеш“ и „Домен Лепово“ освоија пет високи награди на меѓународни специјализирани вински натпревари кои се одржаа во текот на месец јули во Италија и Словенија.

На винскиот натпревар „Mondal des vins extremes“ кој се одржа во Италија, Винарската визба „Тиквеш“ беше наградена со две златни медали за своите врвни вина, „Барово (црвено)“ од бербата 2015-та и „Барово (бело)“ од бербата 2017-та.

Овој вински натпревар важи за единствен интернационален натпревар на кој се избираат најдобрите вина од грозје одгледувано во специфични природни услови, како што се голема надморска височина, исклучително стрмен терен и други карактеристики.

Меѓудругото, цел на натпреварот е промовирање и заштита на вина од лозарски области кои имаат своја дистинктивна историја, традиција и уникатност, како и култивирањето локални сорти на лозови насади. Ова е уште една потврда дека Барово е локација со исклучителни услови за одгледување грозје, уникатна во светски рамки и со огромен потенцијал за создавање неповторливи автентични вина.

На словенечкиот меѓународен саем за вино „Вино Словенија“ кој се одржа во Горна Радгона, црвеното вино „Domaine Lepovo Grand Cuvée“ се закити со шампионска титула во својата категорија. На истиот натпревар златен медал освои црвеното „тероар“ вино „Барово 2015“ на Винарската визба „Тиквеш“, а сребрен медал беше доделен на црвеното вино „Бела Вода 2015“.

Освоените награди на меѓународни вински натпревари се резултат на конзистентниот и висок квалитет на вината на „Тиквеш“ и „Домен Лепово“, кои придонесуваат за сѐ поголемо зацврстување на репутацијата на интернационалниот пазар, како на самите вински брендови, така и на Македонија како земја во која се произведува вино со висок квалитет.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Познатата апликација „МојВоздух„ ја освои престижната World Summit Award 2020 награда од ОН

Редакција

Среќник на Лото доби 7-ка, вредна над 500.000 евра

Редакција

По повеќе од десет години: Школување на нова класа контролори на летање

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница