еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Пет починати од Ковид-19 во септември, бројот на нови случаи пораснал за 7,6 пати на 855

Во Македонија во текот на месец септември, се пријавени вкупно 855 случаи на Ковид-19 (I=46,6/100.000), информираат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

-Во однос на претходниот месец август 2023 (n=112), се регистрира зголемување на бројот на пријавени од Ковид-19 за 7,6 пати, a во однос на месец септември 2022 (n=2.525) се регистрира намалување на заболените од 66,1%.

Од заболените во септември 2023, најголем број на заболени (n=363) се пријавени од Скопје, а највисока инциденца (430,1/100.000) се регистрира во Кавадарци.

Регистрираи се 347 се реинфекции.

Во текот на месецот пријавени се пет починати лица.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, со најголем број на случаи пријавени во возрасната групата над 60 години (n=372; 43,5%).

Во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, во текот на месец септември се тестирани вкупно 2.464 материјали со зголемување на бројот на тестирани за 5 пати повеќе во однос на минатиот месец (n=512), стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Амбасада на САД: Збунети сме од изборот на Абази, граѓаните заслужуваат независно судство и нема место за политичко мешање во овие постапки

Редакција

Необична работилница за арт третман на велосипед-најава за Скопје дизајн вик

Редакција

Грција ги смени правилата: При влез од Македонија со негативен ПЦР или рапид тест, ќе има повторно задолжително тестирање

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница