еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Петков откри дека со Ковачевски се согласиле ЕУ да биде гарант дека Бугарите ќе влезат во македонскиот Устав, Димитров објаснува што значи тоа

Во интервју за Еуроактив бугарскиот премиер Кирил Петков најавува дека со премиерот Ковачевски ќе испратат заедничко писмо до Брисел со кое ќе побараат вметнувањето на Бугарите во македонскиот Устав да стане европски услов и за неговото исполнување да гарантира Брисел, пишува на својот профил поранешниот вицепремиер за европски прашања, Никола Димитров.

„Значи ние самите бараме бугарското барање да стане европско.

Понатаму, Петков зборува за некаква потреба од правна заштита за етничките Бугари кај нас, нешто што веќе е уставно гарантирано за сите македонски граѓани без разлика на нивната етничка припадност.

Ако ова писмо се прати, Владата практично би се обврзала на нешто за кое не е уставно надлежна (измена на Уставот прави Собранието со 80 пратеници) и второ – повторно ние правиме концесија, без притоа да има договор за прашањата што во проблемот со Бугарија нам ни се клучно важни, како на пример – чист македонски јазик во преговарачката рамка.

Ова или води кон целосна победа/пораз договор, или кон отежнување на било каков договор во иднина, бидејќи со оваа тактика јасно е оти ќе останат како нерешени само прашањата што нам ни се суштествени.

Затоа, за овој чекор да има елементарна логика, во најмала рака Бугарија во истото писмо треба да се обврзе дека ќе ја прифати рамката во која за македонскиот јазик нема да има (до)објаснувања, заедно со другите суштински елементи за македонската страна, како што е на пример фактот дека нашето делување во Советот на Европа никако не може да се подведе под мешање во внатрешните работи на Бугарија.

Главното прашање е – дали е тоа обезбедено?

Искрено се надевам дека е така.

Оти без таква гаранција, ова не само што би било исполнување на уште едно нивно барање без никаква возвратна концесија, туку е рамно на национален пораз“, пишува Димитров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Спорот со Бугарија ќе се решава преку нов документ, дел од решението ќе влезе во преговарачката рамка

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

5G за секого: Македонски Телеком ги претставува T Phone и T Phone Pro

Редакција

Гласовите со кои Киро Глигоров стана претседател „научна фантастика“ за Пендаровски и Силјановска

Редакција

Коста Котески, член на УО на Реплек, купи акции на компанијата

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница