еМагазин
Image default
Балкан

Петков в петок ќе реферира пред бугарското Собрание за резултатите од контактите со Скопје

Бугарскиот премиер Кирил Петков в петок ќе реферира пред пратениците во Собранието на Бугарија за резултатите од неговата посета на Скопје минатата недела, како и од средба на владите на двете земји што се одржа вчера во Софија.

Како што јави БГНЕС, реферирањето на Петков ќе се одржи на барање на најголемата опозициска партија, Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов и ќе биде прва точка на собраниското пленарно заседание закажано за в петок.

Петков и премиерот Димитар Ковачевски по вчерашната заедничка седница на двете влади оценија дека атмосферата на изразена политичка волја и духот на искреност и отвореност што преовладува на досегашните средби, водат кон заеднички прифатливи решенија за прашањата од интерес на Северна Македонија и Бугарија.

Двајцата премиери на заедничката прес-конференцијата по седницата порачаа дека добрососедството ќе биде на пиедестал и ќе се посветат на работи што беа заборавени последните години, потенцирајќи дека договорите што беа потпишани вчера имаат „еден краен резултат – економски развој на целиот регион“.

Тие оценија дека со заедничката седница на двете влади се поставени основите за идниот брз напредок на меѓусебните односи и се прави обид преку конкретни договори да се зајакне соработката меѓу Скопје и Софија и тоа да придонесе и за пронаоѓање компромис за спорните прашања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема да има кадровски смени во бугарскиот тим од заедничката историска комисија, најави Петков

Османи одговори на барањето на опозицијата, ќе присуствува на седница на собраниската Комисија за надворешна политика во петок

Прашањата од „4+1“ ќе одат во еден пакет, но секое од нив има своја динамика на решавање, вели Ковачевски

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вучиќ: Не ги потпишав Договорот и Анексот, но Србија е подготвена да работи на нивната имплементација

Редакција

Прва Парада на гордоста во Сараево: По двајца полицајци за секој учесник

Редакција

Румен Радев е старо-новиот бугарски претседател, откако победи на изборите и освои втор мандат

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница