еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Петмина гостиварци со два тикети во обложувалница заработија 126 илјади евра

Гостиварците Давор Ѓуровски, Александар Јаневски, Дарко Дамјановски, Дејан Дамјановски и Марио Тримчевски ја остварија една од најголемите добивки во спортското обложување во Македонија. Тие на два тикети уплатиле 250 денари и остварија добивка од речиси девет милиони денари.

Од едното ливче заработија пет милиони денари, а од другото 3,6 милиони денари. За рекордната добивка придонел и бонусот на обложувалницата „Моцарт“ што во овој случај изнесува 100 проценти односно првичната добивка на овие тикети ја зголеми за двојно.

Добитната комбинација е дело на Давор, а неговите другари решиле да учествуваат во уплатата, која сите ги направи милионери.

– Го составив тикетот на кој имаше 16 играчи од НБА лигата од кои на 12 типував дека ќе постигнат повеќе поени од маргината, а на четири дека ќе постигнат помалку. Како поранешен кошаркар, кошарката ми е омилен спорт, ги следам тие натпреварите и тоа најчесто играм. Пред да го уплатам тикетот седнав со Александар, Дарко и Дејан на кафе и се договоривме тие да додадат уште некоја сума за да ја засилиме вкупната добивка – вели Давор.

Марио се придружил на играта и комбинацијата на ливчето ја одиграл сам.

Среќната уплата ја извршил Дарко, кој на македонската јавност и е познат како поранешен член на македонската нордиска репрезентација и учесник на три олимпијади. Тој потврди дека исплатата на парите поминала без проблем.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штипските ученици ќе се здобијат со знаења за врсничко насилство во кампањата на „Макпетрол“

Редакција

Меѓународниот аеродром Скопје ја доби ASQ-наградата за квалитет на услигите за 2018 година

Редакција

НЛБ Банка воведе нови промотивни станбени кредити со намалени каматни стапки фиксни до 10 години

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница