еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Пивара Скопје донираше летниковец во Општина Ѓорче Петров

Во духот на нам добро познатиот слоган „За Нас“ на Скопско пиво, „Пивара Скопје” денес донираше нов летниковец, овој пат за жителите на населбата Ѓорче Петров.

Ова ново место за дружење и рекреација наиде на многу позитивни реакции од “ѓорчевци” кои се познати по негувањето на маалскиот живот и дружбите меѓу соседите, а посебно пријатно изненадување беше и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров – Александар Наумоски, кој е познат по својата непосредност и блискост со граѓаните од неговата општина.

“Пред се’, би сакал да им се заблагодарам на нашите пријатели од “Пивара Скопје”за донацијата на овој летниковец. На ваков начин, ја враќаме сплотеноста и истовремено им овозможуваме на граѓаните на едно урбано место да се дружат, релаксираат, да играат шах, табла, да разговараат за секојдневнието… Маалскиот живот во Ѓорче Петров е одлика на нашата општина, и токму затоа, особено ми е задоволство што на ова место, односно во населбата Даме Груев каде е поставен летниковецот, граѓаните ќе имаат можност да ја продолжат таа традиција”, изјави Наумоски.

Инаку, „Пивара Скопје”донира 15 летниковци за повеќе општини во државата, очекувајте наскоро и вашата општина да биде разубавена со ново место за искрени дружби и насмевки, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По осми пат Trash Fashion 2019

Редакција

Пилјара од Гевгелија со добродетелство за пример: Ваучери за самохрани мајки

Редакција

(Фото) Нови три мотивирачки и успешни приказни во серијата настани „И од Битола се може(и)”

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница