еМагазин
Image default
Македонија

Плевнелиев: Заев и Ципрас ќе бидат номинирани за Нобелова награда

Поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелев вели дека храбороста на македонскиот и грчкиот премиер Зоран Заев и Алексис Ципрас за решавање на 27-годишниот спор е значајна не само за двете земји, туку и за целиот регион, поради што ќе бидат кандидирани за Нобелова награда

-Договорот од Преспа за промена на името на Македонија има историска важност не само за двете земји, туку и за целиот регион на Западен Балкан. Храброста на грчкиот премиер Алексис Ципрас и неговиот македонски колега Зоран Заев е достојна за восхит. Групата „Пријатели на Македонија“, заедно со европратеници ќе предложи кандидатура на премиерите за Нобелова награда, вели  поранешниот претседател на Бугарија и член на консултативниот совет на Националниот стратешки институт на Кина при Универзитетот Синхуа.

Тој, на обраќањето на панелот „Светот е бизнис“ на светскиот економски форум во Давос, кое го пренесува BloombergTV Bugarija, потенцира дека кога две држави кои имале сериозни несогласувања во минатиото си подадат рака и секоја една од нив отстапи за да има полза, добива целиот Балкан и додава дека патот кон просперитет во регионот минува преку такви дејства.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев и Ципрас номинирани за Нобелова награда за мир од Социјалистите и Демократите, Зелените и Обединетата левица

Законот за Договорот од Преспа објавен во Службен весник на Грција, го потпиша и грчкиот претседател

„Македонија си го смени името, парите и пасошите“: Што пишуваат регионалните медиуми за ратификацијата на Договорот од Преспа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судењето за „Тврдина-Таргет“ затворено за јавноста поради сведочење на вработени во поранешна УБК

Редакција

Триесет фалсификувани ПЦР тестови пронајдени во автобус на граничниот премин Деве Баир

Редакција

Корона вирусот пристигна и кај нас, заразена жена која месец дена била во Италија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница