еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

По 18 години македонска делегација предводена од Пендаровски на 2 Август во „Св.Прохор Пчински“

По осумнаесет години, претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, на 2 август, ќе предводи државнo-црковна делегација во посета на манастирот „Св.Прохор Пчински“, каде е одржано првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ), на 2 август 1944 година.

Како што соопшти Кабинетот на претседателот, по тој повод, претседателот Пендаровски оствари телефонски разговори со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ и со поглаварот на Српската православна црква, патријархот г. г. Порфириј.

Двајцата претседатели во разговорот се согласија дека релациите меѓу двете држави бележат одличен развој во повеќе области. Посетата на манастирот „Св. Прохор Пчински“, која се случува по речиси две децении е позитивен импулс за отворање нови поглавја во меѓусебните релации, стои во соопштението.

Во разговорот со г.г. Порфириј, претседателот Пендаровски се заблагодари на патријархот за одлуката да биде овозможена посетата на манастирот која следува со прифаќањето на автокефалноста на МПЦ – ОА од страна на СПЦ.

Во состав на делегацијата што ќе ја предводи претседателот Пендаровски ќе бидат членови на Собранието и на Владата и претставници на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија.

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во последните три дена, нови 151 случаи на Ковид-19 од 2.335 тестови

Редакција

Италијанецот Алесио Окипинти победник на Охридскиот пливачки маратон, французинката Каролин Жуис најдобра кај жените

Редакција

Поради отсутво на еден од обвинетите одложено рочиштето за завршни зборови на судењето за пожарот во модуларната болница во Тетово

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница