еМагазин
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

По 18 месеци преговори Британија и официјално се збогува со ЕУ

По повеќе од 18 месеци тешки преговори меѓу Велика Британија и Европската Унија, лидерите на ЕУ денеска го одобрија договорот за повлекување на Британија од Унијата.

Сега договорот треба да да помине и во Парламентот на Обединетото Кралство, а процедурата се очекува да стартува на почетокот на декември. Останува неизвесно дали истиот ќе биде изгласан, бидејќи неколку партии најавија дека ќе гласат против.

Договорот за повлекување од ЕУ е документ од 585 страници, правно обврзувачки, со кој се утврдуваат условите за излез на Велика Британија од ЕУ, пренесе Би-Би-Си.

Тој ги опфаќа „алиментацијата“ од Велика Британија од 39 милијарди фунти, правата на граѓаните и опција за Северна Ирска – начин границата со Република Ирска да остане отворена ако прекинат трговските преговори.

Договорот е политичка декларација, во која се одредува каков може да биде односот меѓу Велика Британија и ЕУ по брегзитот – односно како ќе функционираат работите како трговијата и безбедноста меѓу Обединетото Кралство-ЕУ.

Велика Британија треба да ја напушти ЕУ на 29 март 2019 година.

Фото: information-age.com

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Границата со Грција останува затворена најмалку до 22 март

Редакција

„Никоб“ го доби тендерот на општина Ѓорче Петров за обезбедување на објекти „тежок“ 195.000 евра

Редакција

Советникот на Стејт департментот Шоле не ја донесе „Црната листа“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница