еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

По барање на земјоделците, до 14 јули се продолжува рокот за аплицирање за субвенции за годинава

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) ги информира земјоделците дека до 14 јули 2023 година се продолжува рокот за аплицирање за директни плаќања по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2023 година, за растително и сточарско производство.

Земјоделците може да ги достават барањата секој работен ден во канцелариите на подрачните единици на Министерството или електронски преку веб-страницата на АФПЗРР: e-subvencii.ipardpa.gov.mk.

-Продолжувањето на рокот за аплицирање за субвенции 2023 е по барање на земјоделците, за да се излезе во пресрет на сите земјоделци кои досега не стигнаа навремено да аплицираат, наведува МЗШВ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бектеши: Нема место за паника кај граѓаните, не се очекуваат ценовни шокови-трговците да ја почитуваат одлуката за замрзнување на маржите

Редакција

Лебот поскапе за три денари

Редакција

Над 130 компании и 500 домашни изведувачи опфатени со петтиот пакет мерки за индустријата за организирање на настани

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница